| четврток, 6 декември 2018 |

Дете пристигнало на училиште со хеликоптер (Видео)

Момчето ќе задоцнело на училиште доколку не било превезено со хеликоптерот на татко му.

Хеликоптерот од типот Робинсон R22 Бета слетал во училишниот двор во елитната насебла Липки во Киев. Липки е инаку елитна населба во Киев во која се сместени најубавите хотели и повеќето владини објекти.

Момчето било син на поранешниот заменик министер за спорт на Украина Андреј Палчевски.

На социјалните мрежи се појавија многу негативни коментари поради ваквото однесување на родителот. Но има и такви кои велат дека сите што пишуваат негативни коментари се само љубоморни на момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top