Глобалната коалиција за борба против ИСИС најверојатно ќе ја извојува воената битка против „Исламската држава“ во Сирија и Ирак. Ова е заклучокот од состанокот на министри за надворешни работи на земјите-членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, кој се одржи во Стејт департментот во Вашингтон.
На овој состанок присуствуваше и заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски. Според него најголемата битка допрва следува, а тоа е дерадикализацијата.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја смета за своја главна задача давањето помош на министерот за одбрана Џејмс Матис во разработувањето на планот за целосно уништување на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) на територијата на Ирак и на Сирија.
Во интервјуто за интернет изданието Индепендент џурнал ривју, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вели дека клучниот збор во насловот на новата стратегија е „разгром“ и во тоа се состои фундаменталната разлика меѓу пристапот кон решавањето на овој проблем од страна на најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп. Нивните претходници, од администрацијата на претходниот демократски претседател Барак Обама, во прв ред, зборуваа за намерите да ја „ослабат“ Исламската држава, потсетува Тилерсон.
„Меѓутоа, тоа само ја засили сеопштата агонија“, истакнува новиот шеф на дипломатијата на САД.
„Не можеме да започнеме со елиминирање на конфликтите во регионот сé додека на тој пат стои Исламската држава“, појаснува Тилерсон, наведувајќи дека веќе започнало разработувањето на политичките чекори коишто неопходно треба да бидат преземени по тоталниот пораз на терористите во Ирак и во Сирија. Во принцип, смета тој, кампањата треба да се состои од три фази: воена, преоден период и програма за стабилизација (на регионот).
Ваквиот пристап Тилерсон има намера да го претстави на состанокот во средата во Вашингтон со колегите од 68 земји, меѓу кои е и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, главно учеснички во меѓународната коалиција против Исламската држава. Како што соопшти претходно портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, тоа ќе биде првата ваква средба до декември 2014 година, на којашто е планирано да се разгледаат „новите идеи“.
Од своја страна, изданието Индепендент џурнал ривју истакнува дека за разработувањето на новиот пристап Тилерсон има цел да ги воспостави добра соработка со челниците на другите министерства и агенции, во прв ред со шефот на Пентагон, иако таква меѓу нив двајцата сé уште нема.
„Тилерсон и Матис се комбинираат како џин и вермут“, рекол еден од помошниците на државниот секретар, очигледно голем обожавател на коктелот „Мартини“, забележува ИЏР. Истовремено, државниот секретар и министерот за одбрана не планираат да одат во крајност и да се откажат од корисното што досега е сторено во борбата со меѓународниот тероризам, вклучително и со Исламската дражва, оценува ИЏР.
Инаку соработникот на ова издание беше единствениот новинар кому Стејт департментот му овозможи да лета во истиот авион со кој патуваше Тилерсон на неговата минатонеделна турнеја во Јужна Кореја, Јапонија и Кина, предизвикувајќи го гневот на американските медиумски гиганти. Но привилегијата за ИЏР е неслучајна, имено станува збор за релативно нов медиум, кој ги изразува интересите на десното крило на Републиканската партија, кој за кусо време стекна голема популарност и стана еден од најчестите извори на информаци за време на минатогодишните претседателски збори во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)