| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Владата функционира нормално и тоа е наша обврска кон граѓаните (видео)

Владата функционира во едни специфични услови, меѓутоа функционираме согласно закон и без разлика што изборите поминаа и нема формирано нова влада, државата не може да престане да функционира и сето она што го претставува државниот апарат – рече премиерот Емил Димитрив, во дневникот на „Сител телевизија“.

dimitriev

– Државата мора да ги обавува сите оние функции кои во крајна цел се во интерес на самите граѓани, исто така има и агенда за меѓународно претставување на земјата и владата функционира најнормално, одржува редовни седници и функционираме во полн состав и во владата учествуваат министри од сите политички партии кои што ја сочинуваат коалицијата и се така ќе функционираме додека парламентот не одлучи поинаку. Тоа е наша обврска, ние имаме одговорност кон граѓаните за сите секојдневни потреби да ги сервисираме мора да функционираат болниците, училиштата, да ги реализираме проектите кои што граѓаните ги чекаат и се неопходни, така да доколку продолжи ваквата состојба оваа влада ќе функционира и ќе ги сервисира своите обврски редовно кон граѓаните кои што го очекуваат тоа од нас – потенцираше Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top