За мене единствена солуција за излез од оваа криза е одржување на нови парламентарни избори со отварање на сите прашања, бидејќи со овие прашања кои се содржани во платформата можат да дадат одговор само граѓаните на нашата земја – изјави вечерва Емил Димитриев, премиер на Македонија кој гостуваше во дневникот на телевизија „Сител“.
– Вие не можете да ги затворите очите дека имате сто или двесте илјади луѓе на улица. Сега во овој момент е многу важно да се спомене дека темите кои што се отворија во јавноста не беа дел од предизборната кампања. Платформата во Тирана не беше дел од кампањата за да се придобијат граѓаните на оваа земја – изјави Димитриев.
Според Димитриев, по изборите видовме платформа и програма која класично изманипулира со граѓаните.
– СДСМ и Заев не сакаат да откријат што содржи таа платформа и не смее да се отфараат дебати за таа платформа, единствена дебата во моментов може да се води со граѓаните, а тоа е можно само преку нови избори и граѓаните да одлучат дали се за смена на името, знамето, јазикот и грбот на оваа земја – рече Димитриев.
Тој вели дека е оптимист дека во скоро време ќе има нов претседател на собранието.
–
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.