| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши реставрацијата на гробот на Христос, верниците на поклонение (Видео)

Гробот на Исус Христос е откриен денеска на церемонијата во црквата Светиот гроб во Ерусалим, после девет месеци реставрација.

grob-hris-5

Верници од различни христијански вероисповести, учествувале во церемонијата на откривање на гробот, чија конструкција повторно ја има својата оригинална окер боја, пренесуваат медиумите.

Гробницата на Исус Христос во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим е конкретната гробница која во IV век ја пронашла Елена, мајката на царот Константин, заклучуваат научниците по изврените анализа на содржината на светилиштето.

Минатиот ноември беше објавено дека археолозите првпат по 500 години го отворија гробот на Христос од која ја отстранија мермерната плоча поставена на гробот во 1555 година. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата. Под неа беа откриени камења, а под нив уште една плоча со крст, којашто најверојатно ја вдлабиле крстоносците.

Научниците, исто така, открија дека светијата не била допрена. Тие сакаа да дознаат зошто Елена, којашто ги водела ископувањата на Голгота, решила дека токму таму е погребан Исус Христос.

Георадарските и термографските скенери помогнале да се испита содржината на гробот, а за обработка на овие беа потребни неколку месеци. Археолозите се надеваат дека тоа ќе им помогне да создадат виртуелна реконструкција на светилиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top