| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската компанија ФХ3Х дел од „Моќните ренџери“

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од визуелните ефекти на филмот „Моќните ренџери“ (Power Rangers). Филмот за овие херои, чија франшиза постои скоро четвртина век, премиерно ќе биде прикажан утре, 23 март, во киното „Синеплекс“ во Скопје.

– „Моќните ренџери“ првпат се појавија како „Mighty Morphin Power Rangers“ на 28 август 1993 година, и тоа што сеуште постојат како франшиза скоро четвртина век подоцна, доволно зборува за нивната популарност -изјави Kристијан Даниловски, коосновач и косопственик на ФХ3Х, додавајќки дека на проектот работеле од ноември до крајот на јануари оваа година, со тим од 50 артисти.

„Моќните ренџери“ како телевизиска серија потекнува од јапонската „tokusatsu Super Sentai“, а какопознатите ренџери првпат се појавуваат во програмскиот блок на телевизијата „Фокс кидс“ во далечната 1983 година. Се работи за група на супертинејџери, кои додека се справуваат со пубертетот, ги користат своите уникатни супермоќи да го спасат светот.

– Се надеваме дека фановите на оваа франшиза ќе уживаат – изјави Даниловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top