Џејмс Милнер погоди од белата точка на гостувањето кај Манчестер Сити (1-1), а интересно продолжи „бојкотот“ на Јирген Клоп, кога се работи за пеналите. Германецот се сврти на сите седум канзени удари на својот фудбалер и не сакаше со свои очи да ги гледа истите. Причина ја откри по мечот на средбата со новинарите:
– Не сакам да ги гледам пеналите, бидејќи Џејмс одлично си ја врши работата од почетокот на сезоната. Не би сакал да бидам одговорен ако не успее да погоди. Тоа е единствената причина – вели Клоп.
Единствениот казнен удар оваа сезона, кој не беше реализиран од страна на „црвените“ е оној на Ориги од ФА Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.