| четврток, 6 декември 2018 |

По градови и села, плоштади и булевари: Македонците го кренаа гласот за татковината (Фото галерија – Видео)

Над 80 илјади луѓе вчера излегоа на улиците во Скопје, а вкупно над 250.000 илјади луѓе низ 43 места во цела држава за зачувување на унитарноста на Македонија.

Минувајќи ја познатата маршрута, од Владата до Собранието, со пеење патриотски песни, пароли и развиорени македонски знамиња, граѓаните уште еднаш рекоа „не“ за тиранската платформа и за федерализација на Македонија.

Za zaednicka makedonija 23 (30) (Custom)

Учесниците на протестот што се одржуваше истовремено со средбите на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници со политичките лидери во Собранието, изразија и благодарност до претседателот Ѓорге Иванов кој својот термин за средба со Хан и го отстапи на „За заедничка Македонија“. Иницијативата на Иванов симболично му подари маичка со логото „4Илинден“.

Za zaednicka makedonija 23 (40) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (39) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (38) (Custom)

– Ѓорге Иванов не е човек со свиткана кичма, Ѓорѓе Иванов не е таков човек и никогаш не бил, Ѓорге Иванов не го дава мандатот на политичари кои не се откажуваат од платформата и затоа тој отстапи простор на граѓаните на Македонија, рече Богдан Илиевски, еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Za zaednicka makedonija 23 (22) (Custom)

Време е, додаде Илиевски, еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.

– Ние сме тие домаќините кои треба да бидат слушнати од сите гости, ние сме тие кои се грижиме за државата за разлика од тие кои сакаат да ја турнат туѓата платформа во оваа земја. Ова се граѓаните на Македонија и Иванов е горд на тоа, Ѓорге Иванов е претседател на Република Македонија и ние сме горди и среќни што го имаме, дополни Илиевски.

Za zaednicka makedonija 23 (36) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (29) (Custom)

narodddd640

Претходно, поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ одржаа мирен протест и пред седиштето на Европската унија додека еврокомесарот Хан беше таму. Му порачаа дека не е добредојден, извикувајќи пароли против ЕУ.

Мирни протести вчера се одржаа и во повеќе градови и населени места низ Македонија.

Za zaednicka makedonija 23 (24) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (23) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (26) (Custom)

 

Za zaednicka makedonija 23 (14) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (32) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (19) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (21) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (17) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (8) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (2) (Custom)

Za zaednicka makedonija 23 (20) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top