| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Хан исплашен од масовноста на протестите, но ВМРО-ДПМНЕ не може да гарантира за однесувањето на разбудениот народ

Еврокомесарот Јоханес Хан изразил загриженост од масовноста на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и неговиот став бил дека тоа може да предизвика некои дополнителни тензии, откри синоќа во Дневникот на Сител пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-Нашиот одговор беше дека тензиите во државата не ги произведуваат граѓаните, тензиите во државата ги произведуваат некои политички партии и некои можеби странски актери, кои сметаат дека на оваа држава и на овој народ со сила можат да му наметнат одредени решенија кои ќе го занемарат мислењето и гласот на народот. Од наша страна беше потенцирано дека ние можеме да кажеме како и на кој начин ќе се однесуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, но ние не можеме да кажеме и да гарантираме како ќе се однесува народот којшто има своја зрелост и свој мотив да го изрази своето чувство на улиците во Скопје и во другите градови од државата, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top