Јас бев дел од Шарената Револуција, а во овој момент се срамам што сум била, затоа што кога протестиравме, сите, Македонци, Албанци, протестиравме за подобар живот, а тие буквално ни наметнаа Тиранска платформа.
Ова денеска го истакна Гордана Маркоска, поранешен активист на т.н. Шарена Револуција, која денеска во Охрид кинеше фотографии од протестите на кои присуствувала. Таа денеска се приклучи кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Јас лично се срамам за ова, и сакам да си бидам со мојот народ. Македонија да си биде унитарна, едно име, едно знаме, еден грб. И сите граѓани во РМ да имаат исти права, посочи Маркоска.
Таа апелираше до лидерот на СДСМ, Зоран Заев да не ја прифаќа Тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)