Низ илиците во 43 градови вечерва излегоа над 250 илјади македонски граѓани , а се проценува дека само пред Собранието на Република Македонија во Скопје има над 100 илјади граѓани, пишува српски Телеграф.
Бриселскиот еврокомесар Хан во Скопје е пречекан со паролите „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“, додека на улиците во 43 градови низ целата држава излегоа над 250 илјади луѓе.
Хан со тројца еврокомесари допатуваа во Скопје се со цел да и помогнат на Македонија да излезе од повеќе годишната политичка криза и да ги смири тензиите, посебно по завршувањето на вонредните парламентарни избори во декември, пишува српскиот портал.
Македонија речиси и три месеци по изборите нема формирано влада, нема ниту претседател на собранието, а не се распишани ниту локалните избори бидејќи тоа немаше кога да се случи.
Во текстот порталот вели дека Хан и порано побарал од претседателот Иванов да потврди дали е сигурен во донесената одлука дека нема да го дава мандатот на СДСМ и нивниот лидер Заев кој парламентарното мнозинство го обезбеди со албанските партии ДУИ и БЕСА.
Граѓаните на протестот извикуваа „Не ја даваме Македонија“ и „ Нема да дозволиме албанска држава“. Иванов смета дека со давање на мандатот на СДСМ ќе се загрози сувереноста на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ бараше од Заев да се откаже од Тиранската платформа, која Заев ја прифат, а која им ги гарантира сите права на Албанците исто како и Македонците.
Од кабинетот на Иванов денеска соопштија дека претседателот кој е во службена посета на Унгарија нема да се сретне со Хан.
Телеграф пренесува од македонските медиуми дека Иванов предложил Хан наместо со него да се сретне со организаторите на протестот именувани како ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА кои веќе петта недела по ред се на улиците низ целата држава.
Инаку од аредромот до седиштето на ЕУ во Скопје, Хан и европратениците беа дочекани со транспаренти и македонски знамиња, кои ги поставија организаторите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, пренесува српски телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“