| четврток, 6 декември 2018 |

Собирите на „За заедничка Македонија“ во светските медиуми: Масовни протести во Македонија, jави „ABC News“

ejbisi-768x489

Вечерашните протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ не ги заобиколија светските медиуми. Американската телевизиска куќа Еј-Би-Си Њус вечерва јави дека на протестот во Скопје имало десетици илјади граѓани, кои протестираат против посетата на претставникот на Европската Унија, Јоханес Хан.

Според Еј-Би-Си, големи транспаренти со пораки за Хан биле истакнати на рутата по која се движел еврокомесарот, од аеродромот до главниот град.

Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој не се сретна со Хан, тврди дека барањата на албанските партии за јазикот се обид да се уништи унитарниот карактер на Македонија, јавува Еј-Би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top