Македонски народе, нашето второ име е непокор, никогаш да не се согласиме со тоа некој од страна да ни ја крои судбината, нашата територија беше прекројувана многу пати, ние денес имаме една третина од неа, изјави Елена Мисиркова пред повеќето илјадници граѓани пред Собранието на Република Македонија.
– Ја повикуваме делегацијата на ЕУ, која не сакаше да разговара со нас, предводена од Јоханес Хан, ако е тоа пораката на ЕУ, ние да не постоиме за да влеземе во неа, прашање е дали нашиот народ го сака тоа. Ако ЕУ во 21 век покажува непочит спрема волјата на овој народ, кој е државотворен народ на оваа држава, каков може да биде нашиот одговор. Ние не зависиме од ЕУ која што е во распад, Македонија може да опстои сама ако работите ги земеме во свои раце, а мора да ги земеме, затоа што се работи за нашата судбина и судбината на нашите деца, порача Мисиркова.
Таа порача дека од Македонците кои се излезени на улиците гори духот на македонските кралски династии, а ова денеска го покажува тоа.
– Можеби доаѓа време да побараме ревизија на Букурешкиот договор од 1913 година од ЕУ. Па да бидат љубезни да ни го вратат тоа што ни го земаа, па да си подадеме рака понатаму во мирољубива коегзинстенција. Од вас зборува вашиот дух кој наназад го имаме илјадници години од нашите предци, не може никој да ни го одземе тоа, од македонските кралски династии. Еден дел само да сме потомци нивни, а тоа може да се докаже, ова денеска го покажува тоа. Нашата цел е да се сплотиме сите, натпартиски, за спасување на нашата држава, заврши таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“