– Сакам да му се обратам на високиот комесар кој е денеска во посета на нашата земја. Госдподине Хан, добро ни дојдовте во Скопје, денес е првиот ден од пролетта, се прашувам каква пролет ќе ни донесете вие? За да дојдеме до тоа, овој народ ви поставува неколку прашања: Зошто не сакате да го слушнете овој народ? Дали сте тука за да делите правда или двојни аршини, порача од пред Собранието на Република Македонија, Дарко Мијалковски.
– Господине Хан, дали сето она што сакате да ни го наметнете кај нас дома важи и кај вас во ЕУ. Тука сме да ви порачаме дека овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа, тоа е исто како да барате од САД да ја прифати нуклеарната програма на Северна Коереа. Господине Хан нема дискриминирани Албанци во Македонија, напротив доколку се прифати платформата Македонскиот народ ќе стане малцинство, нема да ја прифатиме платформата како вие што не ја прифативте нашата средба, потенцираше Мијалковски.
Тој на крајот порача да се поздрават сите пријатели во Брисел и да им кажат дека нема да се прифати Тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“