| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Претседателе Иванов, ви честитам за љубовта кон сопствената земја

ilievski bogdan

Денес во медиумите се пјави следната информација – дека претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан. Oд кабинетот велат дека претседателот предвидениот термин им го остава на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Време е еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20. дена, изјави еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

– Ѓорге Иванов не е човек со свиткана кичма, Ѓорѓе Иванов не е таков човек и никогаш не бил, Ѓорге Иванов не го дава мандатот на политичари кои не се откажуваат од платформата и затоа тој отстапи простор на граѓаните на Македонија, рече Илиевски.

– Ние сме тие домаќините кои треба да бидат слушнати од сите гости, ние сме тие кои се грижиме за државата за разлика од тие кои сакаат да ја турнат туѓата платформа во оваа земја. Ова се граѓаните на Македонија и Иванов е горд на тоа, Ѓорге Иванов е претседател на Република Македонија и ние сме горди и среќни што го имаме, додаде Илиевски.

Иницијативата „За заедничка Македонија“ му подарија и симболичен подарок на претседателот Ѓорге Иванов, маичка со логото на#Илинден 4.

ivanov1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top