| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се жени во јуни: Една од најголемите ѕвезди на Барселона нема да добие покана за свадбата

13

Според пишувањата на шпанските медиуми, Жерар Пике нема да присуствуа на свадбата на неговиот пријател и сограч од редовите на Барселона, Лионел Меси. Причината за тоа е лошите односи помеѓу свршеницата на Меси, Антонела Рокуцо и сопругата на Пике, познатата пејачка Шакира.

Весникот „Ел Паис” пишува дека Рокуцо е блиска пријателка со поранешната девојка на Пике, Нурија Томас, со која тој не остана во добри односи по раскинувањето, бидејќи брзо почна нова врска со Колумбијката.

Пике и Шакира се запознале на снимањето на промотивното видео за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а во тој период фудбалерот сè уште бил во врска со Нурија.

Иако уште не се знае точниот датум на свадбата на Меси и Антонела, се претпоставува дека тоа ќе биде кон средината на јуни, кога играчот нема да има обврски со репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top