Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар португалски фудбалер за 2016 година.
Тој со својата селекција дојде до титулата на Европското првенство во Франција, а претходно пак со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите.
– Ова беше специјална година за мене зошто ЕП беше единствениот трофеј кој ми недостасуваше. Сакам повторно да му се заблагодарам на португалскиот народ, тие ни дадоа самодоверба на патот до титулата – истакна Роналдо кој го битката за оваа награда ги остави зад себе Пепе и голманот Руи Патрисио.
Членот на Баерн Минхен, Ренато Санчез го понесе признанието за најдобар млад играч, додека пак за тренер на годината беше прогласен, Фернандо Сантош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.