На Конкурост за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2017 година се пријавиле два подноситела за организирање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, соопштија од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Како што се вели во дописот, едниот подносител е Друштвото на филмските работници на Македонија, а вториот подносител е новоформираното Здружение за филмска уметност „Центар за филм“ – Битола.
Поради ова, Агенцијата за филм испратила допис до двата подносители. Во дописот се бара од двата подноситела во најкраток можен рок да образложат за што станува збор и кои се намерите поради кои новоформираното здружение се јавува на Конкурсот.
Во дописот од Агенцијата за филм се укажува и на тоа дека и двата подноситела во пријавата доставиле правилник за работа на фестивалот, а поради тоа, Агенцијата не е во можност да ги евалуира доставените пријави за еден ист проект, пред да побара образложение.
-Исто така, поради фактот што во претходните години во континуитет организацијата на Фестивалот беше водена од страна на ДФРМ Агенцијата за филм е изненадена од пријавата на овој фестивал од новоформираното здружение за филмска уметност „Центар за филм – Битола“. Поради оваа причина се обраќаме до двата подносители со цел барање на образложение за што станува збор и кои се намерите заради кои ова Здружение се јавува на Конкурс – се вели во дописот од Агенцијата за филм.
Друштвото на филмски работници на Македонија за утре најави прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки