| четврток, 6 декември 2018 |

Куртоа ја отфрли можноста за преселба во Реал: Среќен сум во Челси

tibo kurtoa

Првиот голман на екипата на Челси, Тибо Куртоа отворено проговори во однос на неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“ и евентуалниот трансфер во некој друг европски гигант.

Белгискиот репрезентативец веќе подолг временски период заедно со Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед се поврзуваат со преселба во шпанскиот великан Реал Мадрид, клуб кој сака да ангажира подобро и позвучно име од Кејлор Навас.

Сепак „кралевите“ ќе мора да го свртат вниманието на друга страна кога е во прашање Куртоа, бидејќи одличниот голман нема намера да го напушти Лондон.

– Не се гледам себеси во Реал Мадрид. Се гледам себеси во Челси, клуб кој пред 6 години ме виде во Белгија и ми даде можност да потпишам за нив. Тие исто ми дозволилија три години да минам во Атлетико што ми помогна да бидам она што сум денес. Чувствувам дека сум важенз а тимот, среќен сум во Челси и не се гледам на друго место – истакна Куртоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top