| четврток, 6 декември 2018 |

Внатре имало 5.000 евра – изгоре автомобил во Скопје

Ноќта во неделата, кон понеделник, околу 03.40 часот во Скопје, Б.И. (30) пријавил дека на ул. „Лазо Москов“, од непознати причини, целосно било опожарено неговото возило „фолксваген голф 3“ со скопски регистарски ознаки, во кое, по негово кажување, имало 5.000 евра.

Исто така, опожарен бил автомобил „цитроен ксантија“ со скопски регистарски ознаки во пределот на трепкачот и регистарската таблица, сопственост на Љ.А. (21), а паркирано од Р.Ф..

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top