| четврток, 6 декември 2018 |

Развеани македонски знамиња на врвот Пелистер: Битолските планинари со поддршка „За заедничка Македонија“ (ВИДЕО+ ФОТО)

Откако голем број фудбалери, ракометари, кајакари, боксери и многу други спортисти дадоа поддршка за зачувување на унитарна Република, сега „НЕ“ за двојазичноста и дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија кажаа и планинарите. Битолските планинари во знак на поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, се фотографираа од највисокиот врв на Баба планина, Пелистер.

Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ даде и синот на легендата на македонскиот аплинизам Димитар Илиевски Мурато, Јонче Мурат Илиевски. Мурато е првиот Македонец кој го има освоено највисоката планина на светот – Монт Еверест. Тој се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

jonce-murat-ilievski-1-360x451

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top