Со победата во Индијан Велс, Роџер Федерер стигна до јубилејната 90. титула во кариерата. Пред него на вечната листа се наоѓаат само Иван Лендл со 94 и лидерот Џими Конорс со 109 трофеи.
Неделниот триумф има и дополнително значење, со оглед на фактот дека Швајцарецот стана најстариот освојувач на Мастерс турнир на 35 години и седум месеци. Овој рекорд го надмина претходниот на Андре Агаси за една година и четири месеци.
Од тие 90 титули, 18 дојдоа од Грен-слем турнирите, а денеска на интернет се појави фотографија од сите финалиња, кои завршија со победа на швајцарскиот ас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.