| четврток, 6 декември 2018 |

Стеф Кари и Расел Вестбрук тераа своја правда на дербито во Оклахома (видео)

kari i vestbruk

И четвртиот натпревар меѓу Оклахома и Голден Стејт не можеше да мине без инцидент. Иако не настапи Кевин Дурант, кој во Оклахома е окарактеризиран како предавник, сепак во еден дел од натпреварот се појавија искри меѓу актерите. Семи Кристон и Стеф Кари кон крајот на втората четвртина прво вербално се испровоцираа, за брзо да пристигне и Расел Вестбрук да истера своја правда против малиот Кари. Немаше поголем инцидент, рабитите се смирија по само неколку влечења и провокации.

Оклахома пак загуби од Голден Стејт со 95-111, што е нивни четврт пораз во сезоната од Кари, Томпсон и другарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top