| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот претседател Николиќ ќе оди в пензија

tomo

Претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе се пензионира. Барањето ќе го поднесе по 31 мај, кога му завршува претседателскиот мандат.

-Ги исполнив сите услови за пензија, уште функцијата ме држи. Имам 65 години и 45 години стаж, цел живот работам – изјавил Николиќ за српските медиуми.

Тој, по напуштањето на функцијата има право на канцеларија, советници и секретарка, автомобил, обезбедување, дипломатски пасош.

Според српските медиуми, шест месеци по завршувањето на функцијата, Николиќ ќе прима претседателска плата, а тој период може да го продолжи на свое барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top