| четврток, 6 декември 2018 |

Далечната 1933: Ова е првиот женски оргазам прикажан на филм (+18)

„Непристојно и морално опасно”, „несоодветно, неморално и развратно”, „исклучително храбро” – ова не се рецензии за „50 нијанси потемно”, туку критички коментари за филмот од 1933, „Екстази”, што официјално се смета за првиот кој содржи сцена со женски оргазам, и којшто ја прослави легендарната Хеди Ламар.

Критичарите се сложуваат и дека ова е еден од најреволуционерните филмски сцени воопшто. „Екстази“, инаку е чешки игран филм од 1930-те, кога американските филмаџии, но и публиката воопшто, не беа подготвени за такви сцени.

Таа улога претставуваше отскочна даска за Ламар, на која најмногу се сеќаваме по улогата на Далила од „Самсон и Далила”.

Приказната на филмот пак, е за жена која го остава својот импотентен сопруг за да се впушти во врска со помлад инженер. Иако сцената со оргазмот не прикажува голотија, таа е присутна низ целиот филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top