Неколку лица завршиле на болница по општата тепачка, која се случила на трибините на стадион во Мајорка, за време на натпреварот на детските екипи на Колеренсе и Аларо.
Конфликтот започнал на теренот меѓу двајца играчи од категоријата меѓу 12 и 13 години, по што родителите на младите спортисти започнале физичка пресметка на трибините, пренесува весникот „Дијарио де Мајорка“.
Во тепачката се вклучиле уште неколку лица, а потоа немилите сцени се преселиле и на теренот. Мировници меѓу двете закрававени страни биле сопругите и мајките на фудбалерите, а мечот бил прекинат.
Колкава била жестокоста на судирот, сведочи и податокот дека неколку лица завршиле во болница со повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)