| четврток, 6 декември 2018 |

Над 150.000 граѓани низ цела Македонија порачаа: „Ќе се погрижиме Хан да го слушне нашиот глас“ (Снимка од дрон)

Повеќе од 150.000 граѓани веќе 22 дена се на улиците низ Македонија како дел од протестните маршеви За заедничка Македонија.

Граѓаните побараа средба со Комесарот Јоханес Хан кој треба да допатува во текот на утрешниот ден. Хан, пак, низ одредени дипломатски кругови во Брисел информирал дека доаѓа со строга агенда и дека нема воопшто намера да се сретне со граѓаните кои протестираат.

Од иницијативата порачаа дека тие ќе се погрижат Хан да го слушне нивниот глас.

-Како вели народната поговорка: Ако не сака Мухамед кај брегот, брегот ќе дојде кај Мухамед. Ако господинот комесар не сака да не прими, ние што 22 дена сме на улиците и немаме намера да си одиме дома, бидејќи меѓу 150.000-200.000 луѓе секој ден се на улиците За заедничка Македонија, тогаш ние ќе се погрижиме тој да не слушне, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Граѓаните протестираат против платформата која беше направена во Тирана, а прифатена од лидерот на СДСМ као основа по која понатаму би работела идната држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top