| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените од Трансмет протестираа и пред СЈО (Видео)

И вработените од Трансмет денеска го изразија своето незадоволство поради изречената мерка притвор за нивниот сопственик Сеад Кочан. Денеска тие протестираа пред Специјалното јавно обвинителство, а најавуваат дека нивниот револт ќе го изразат и од други места.

1

 

Сашо Делиланов, инжењер во Трансмет, истакна дека од изречената мерка притвор за Сеад Кочан најмногу засегнати се неговите вработени од кои 90 проценти егзистираат само од платата која што ја добиваат и нивната егзистенција е загрозена.

– Доколку задоцни  платата од една до 2 недели луѓето ќе нема со што да се прехрануваат, рече Делиланов. Според него околу 8 000 семејства ќе останат без примања.

2

3

Во врска со случајот на СЈО „Труст“, Делиланов вели дека јасно е како се добиваат тендерите, како се аплицира, а за се останато одлучува комисија која е поставена за тоа.

Според него важно е тендерот да е изработен квалитетно и во определениот рок. Ако нешто било направено нелегално комисијата требало да реагира навремено.

4

transmet

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top