| четврток, 6 декември 2018 |

Најнаселениот остров на светот (Видео)

Мигинго е африкански остров на кој сите сакаат да живеат, а поради него завојувале државите Кенија и Уганда. На ова островче живеат илјада луѓе, додека соседниот голем остров е сосема празен

Малечкиот остров Мигинго е еден од најнаселените острови на светот. На само 2000 квадратни метри живеат околу илјада луѓе. Инаку, официјалната бројка е 131 жител, но локалците тврдат дека во реалноста ги има десеткратно повеќе. Тоа се гледа и на фотографијата на овој остров, чијашто историја е нејасна.

ostrov

Некои тврдат први дека на островот дошле двајца кениски рибари, Далмас Тембо и Џорџ Кибебе во 1991 година. Наскоро почнале да пристигнуваат и други жители и започнала борбата за простор на ова подрачје богато со риба.

„Војна“ поради Мигинго

Мигинго се наоѓа на езерото Викторија во Африка, меѓу Кенија и Уганда. Технички, островот е на кениско подрачје, но властите на Уганда тврдат дека рибарите ловеле на подрачјето на Уганда. Оваа африканска „мини војна“ својата кулминација ја достигнала во 2008 година, кога Уганда испратила војска на Мигинго за да ги евакуира кениските рибари и да го заземат островот. Тензиите се чувствувале се’ до 2016 година, кога двете земји конечно постигнале договор за двете да собираат данок и да испраќаат војници за да го бранат островот од пирати.

Официјалната бројка на рибарите на островот во 2009 година била 131, што е навистина многу за толку мал остров. Според најновите истражувања, бројката се искачила до неверојатни илјада луѓе на само 2.000 квадратни метри.

На соседниот остров „живее демон“

Она што е најинтересно во целата приказна е дека веднаш до островот Мигинго постои сосема ненаселениот, многу поголем остров Усинго. Легендата вели дека на островот Усинго живее демон, па рибарите се плашат да живеат таму. Покрај тоа, Мигинго е добро чуван од пирати, додека на Усинго нападите се многу почести.

Локалците тврдат дека нападите од пиратите не се толку чести и дека се случува „само еднаш месечно пиратите да ги пресретнат и да им ги земат рибата и горивото“. На Мигинго се сите заедно и помала е шансата дека пиратите ќе нападнат толкава група на луѓе. Тврдат дека побезбедно им е да живеат таму, отколку на пустелијата „преку пат“, на островот Усинго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top