| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Веснина по голема борба успеа да го освои мастерсот во Индијан Велс

elena vesnina

Во руското финале на ВТА Мастерсот во Индијан Велс, Елена Веснина по голема битка ја совлада Светлана Кузњецова со 2-1 (6-7, 7-5, 6-4) во сетиво. Светлана Кузњецова не успеа и во третиот обид да стигне до првиот трофеј на Индијан Велс, претхoдно двапати губеше во финалето во 2007 и 2008 година.

Во првиот сет, во првите седум гема двете тенисерки по двапати го одзедоа противничкиот сервис, за да во продолжение бидат сигурни при сервисот и го решат во тај-брејк. Во него поприсебна беше искусната Кузњецова, го доби со 8-6 и поведе со 1-0 во сетови.

Вториот сет Кузњецова го започна фуриозно и поведе со 4-1, но Веснина не се предаваше и возврати со четири освоени гема во низа и поведе со 5-4. Но, Веснина повторно потклекна во следниот гем кога сервираше за сет, па Кузњецова израмни на 5-5. Сепак, Веснина ги освои наредните два гема и израмни на 1-1 во сетови.

Помладата Веснина одлично го започна третиот сет со одземен гем на противничката, но искусната Кузњецова веднаш возврати за 1-1. Клучниот брејк Кузњецова го направи во шестиот гем и се одлепи на 4-2, но и тоа не беше доволно за триумф. Веснина до крајот ги освои четирите гема и на крајот го доби сетот со 6-4 за голема победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top