Екипата на Палермо за која настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски запиша нов пораз во Серија А и е се поблсику до Втората италијанска лига. Се помалку и теоретски шанси за Палермо дека ќе се избори за опстанок во Серија А, откако во 29. коло загуби убедливо со 4-1 на гостувањето против Удинезе.
Тимот на македонските репрезентативци има малку надежи дека ќе се спаси иако секое коло се најавува дека ќе се атакува на победа.
Така беше и пред дуелот во Удине, но Палермо иако поведе на крајот мораше да се „задоволи“ со 4-1. Несторовски играше до 81. минута од натпреварот, додека Трајковски остана на клупата за резервни фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)