Во МКЦ (киното Фросина) се одржа премиерата на краткометражниот игран филм “Железната приказна” во режија и по сценарио на Златко Калеников.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Јелена Јованова Периќ, Бајрам Северџан, Моника Бошковиќ, Катина Иванова, Диме Илиев, Предраг Павловски, Игор Спироски.
„Железната приказна“ третира една актуелна тема, а сценариото беше инспирирано од еден текст во рубриката за криминал во весниците пред 7 години. Ми требаше итро, харизматично и убаво девојче кое ќе го носи филмот, и ја најдов Моника. Додека пак кога го пишував сценариото еден од ликовите го пишував токму за Бајрам Северџан. Тогаш не знаев дали ќе го добијам, но бев упорен и успеав да го ангажирам – вели режисерот Калеников.
Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.
Сценариото и режијата се на Златко Калеников, а авторската екипа ја сочинуваат: Дејан Димески – директор на фотографија, сценографија Кирил Спасески, костимографија Жаклина Крстевска, монтажата е на Атанас Георгиев, а кастингот на Катерина Грубач. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска.
Филмот е продуциран од Стримон Филм Скопје и е во копродукција на ФX3X.
Старо железо се снимаше на повеќе интересни локации во Скопје, Хидрометеролошки Завод, Керамидница, Центарот на Скопје, Кејот на реката Вардар, Фитнес Центарот Синерџи, Здравствен дом Скопје/ Идадија, Депо на Македонски Железници Скопје итн.
Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија. Поддржан е и од Асоцијација Иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје и од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“