– Имам усен договор со Сити, но очекувам во најскоро време тој да се официјализира на хартија – изјави Пелегрини за шпанската телевизија „Канал Сур“.
Чилеанскиот стратег уште пред неколку недели потврди дека ќе ја напушти Малага по завршувањето на актуелната сезона.
– Сити покажа интерес за мене и остварив средба со раководството на клубот. Мислам дека нема да има проблеми, но договорот сѐ уште не е потпишан – вели Чилеанецот.
Тој во изминатите две сезони забележи одлични резултати. Минатата година го освои четвртото место во Примера, а сезонава стигна до четврт-финалето од Лигата на шампионите, каде што загуби од Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“