Екипата на Манчестер Јунајтед во првиот денешен дуел од 29. коло на Премиер лигата на „Риверсајд“ забележа значајна победа (1-3) во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите идната сезона. Со оваа победа која му ја донесоа Фелаини, Лингард и Валенсија, „црвените ѓаволи“ запишаа нова страница во историјата на Премиер лигата.
Ако пред неколку седмици Јунајтед стана единствената екипа која од формирањето на Премиер лигата стигна до 20.000 бода, денес тимот од „Олд Трафорд“ ја запиша 600. победа во овој формат на натпреварување и е единствена екипа која може да се пофали со ова достигнување.
Вреди да се напомени дека до овој триумф момците на Мурињо стигнаа без помошта на најдобрите фудбалери во оваа сезона. Поради повреди не настапија Пол Погба, Вејн Руни и Дени Блинд, додека суспензија одлежуваат Златан Ибрахимовиќ и Андер Херера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона