| четврток, 6 декември 2018 |

По Ѓоковиќ и Мареј го откажа учеството на мастерсот во Мајами

endi marej

Претстојниот Мастерс-турнир во Мајами ќе биде значително ослабен откако првиот светски рекет, Енди Мареј, обелодени дека поради повреда на лакотот нема да може да настапи на ова натпреварување.

– За жал, поради повреда на лакотот на десната рака нема да можам да играм во Мајами. Искрено жалам и им се извинувам на моите фанови, турнирот во Мајами ми е еден од омилените – порача Мареј.

По се изгледа турнирот во Мајами ќе го пропушти и Новак Ѓоковиќ поради исти проблеми, па во една таква ситуација прв носител ќе биде Стен Вавринка, пред Кеи Нишикори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top