Во саботата во Србија се случи страшна семејна трагедија, кога маж си ја задави жената, по што се обесил.
Српски „Курир“ пренесува дека во 22 часот синоќа, 55-годишен маж чиј идентитет уште не се открива, ја задавил со сопствени раце сопругата, а потоа си го одзел животот. Убиството и самоубиството се случиле во станот каде живееле како кираџии, на улицата „Иван Милутиновиќ“.
Засега не е познат мотивот ниту пак детали за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.