Обожаван и омразен во исто време – во неговото време на владењее, Советскиот сојуз се развил од заостаната земја во светска сила. И покрај напредокот на земјата, Сталин бил одговорен за смртта на околу 20 милиони луѓе.
Бил клучен човек во пактот со Хитлер кој во еден момент се свртел против него. Но, Сталин имал среќа, па Советскиот сојуз крајот на војната ја дочекал со територијално проширување.
Следеа години на политички чистки, тортури, ослабување на земјоделството и владеење на дикаторот. Сталин наводно имал стабилно здравје, но неговите лекари не ни претпоставувале дека би можел да почине наскро.
Неговите соработници го нашле неговото тело на први март, во неговата викендичка.
Обдукцијата покажала дека причина за смртта е висок крвен притисок, запушени крвни садови, а бил откриен и почетен стадиум на цироза на црн дроб.
Погребот бил на 9 мерт 1953 година, на Црвениот плоштад во Москва.
Јосиф Сталин бил погребан покрај Владимир Илич Ленин, а според проценките во тој момент од него се збогувале повеќе од милион и пол луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)