Челси го продолжува шампионскиот од славејќи на гостувањето против Стоук со 1-2 во 28. коло од Премиер лигата.
„Сините“ поведа рано со голот на Вилијан уште во 13. минута, Волтер од пенал во 38. минута израмни на 1-1. А, победата на Челси ја донесе Кејхил во 87. минута од натпреварот кој се извади во овој натпревар бидејќи беше директен виновник за направениот пенал во својот шеснаесетик.
Екипата на Лестер продолжува со добрите игри по смената на Раниери и попладнево на гостувањето кај Вест Хем ја оствари првата гостинска победа оваа сезона. стигнувајќи до триумф од 3-2. Победникот беше решен уште во првото полувреме кога за Лестер стрелаа Махрез, Хат и Варди. За домашните погодија Ланцини во 20. минута и Ајев во 63. минута.
Резултати Премиер лига 28. коло:
Кристал Палас – Ватфорд 1-0, Евертон – Хал 4-0, Стоук – Челси 1-2, Сандерленд – Барнли 0-0, Вест Хем – Лестер 2-3
Табела: Челси 69 бода, Тотенхем (-1) 66, Манчестер сити 56, Ливерпул 55, Арсенал 50, Евертон 50, Манчестер јунајтед 49…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)