| четврток, 6 декември 2018 |

Галатасарај не го дава Муслера на Барса

Турски Галатасарај ја одби понудата на Барселона за голманот Фернандо Муслера, кој според плановите на каталонците требало да го замени сегашниот голман Виктор Валдес

muslera

Според шпанските медиуми, челниците на Барселона му понудиле на Галатасарај 17 милиони евра за 26-годишниот Уругваец Муслера, но Турците експресно ја одбиле понудата.

Не е исклучено каталонците да ја зголемат сумата, но според извори во Барселона на кои се повикуваат шпанските медиуми, максимумот нема да надмине 20 милиони евра.

Фернандо Муслера дојде во Европа во 2007 година. До 2011 година беше прв голман на римски Лацио по што се пресели во Истанбул, односно во Галатасарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top