Во Охрид денеска се одржуваше Регата во организација на иницијативата За заедничка Македонија, централниот настан се случуваше во Охридското езеро и наместо да се маршира поддржувачите со бродови и кајчиња ја искажаа својата поддршка за унитарна и заедничка Република Македонија.
-Верувајте ништо не е невообичаено во овој моменти и во овој момент највообичаено и најдобро што се слулува во Република Македонија е вистинска свест за нашата држава. Тоа чувство на заедништво што сега се раѓа мислам дека е сериозно добитна комбинација за нашата држава и не може да се подметнуваат работи кои народот ги негира и народот не смее и нема да биде изигран, порача денеска од Охрид актерот Горан Стојановски.
Борис Дамовски член на иницијативата За заедничка Македонијадиректно од Охрид испрати порака дека народот знае да си ја зачува државата.
-Ние имаме стража од 150.000 луѓе од цела Македонија секој ден, денес сме тука да ги пловиме и охридските води и да продолжиме со нашите барања и со нашата упорност да го зачуваме тоа што ни е оставено.
Иницијаторот на За заедничка Македонија Богдан Илиевски, вели дека протестите ќе траат се додека треба.
-Протестите имаат тенденција да се зголемат и да растат и ние сме на правиот пат, повеќе од 150.000 луѓе секој ден излегуваат на улица се одличен показател дека искрената мисла со која ние тргнавме на овој пат не само што нема да згасне, туку ќе се распламти уште повеќе, вели Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.