Челси има десет бода предност пред Тотенхем и пред Манчестер сити на врвот на табелата во Премиер лигата, но менаџерот Антонио Конте не сака неговите фудбалери да се опуштат и да мислат дека е се завршено. Тој бара да остварат уште осум победи до крајот на шампионатот, сметајќи дека тоа секако е доволно за да се освои шампионскиот трофеј.
– Мислам дека осум победи ќе ни бидат доволни, нели. Но, нема да се фокусираме на математика, туку на фудбал. Одиме натпревар по натпревар и ќе сакаме да победиме на секој нареден дуел – изјави Конте.
На Челси, од сегашен агол, математички навистина му се потребни осум победи во последните 11 кола за да ја осигура шампионската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.