Менаџерот на Челси, Антонио Конте го најде профилот за идеалното решение за неговиот среден ред.
Клаудио Маркизио, со кого Конте соработуваше во Јувентус и во италијанската репрезентација е прв пик на „сините“ за следната сезона кога клубот по една сезона ќе се врати во Лигата на шампионите.
Маркизио по повредата не е во првиот тим на Масимилијано Алегри, а со понуда од 30 милиони евра „старата дама“ сериозно би размислала за да се ослободи од услугите на фантастичниот фудбалер. Евентуално доведување на Италијанецот, веројатно ќе значи продажба на Фабрегас од „Стемфорд бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.