| четврток, 6 декември 2018 |

Русинките владеат со Индијан Велс

elena vesnina

Русинките Елена Веснина и Светлана Кузњецова ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Индијан Велс.

Изненадувањето Веснина, која претходно ја елиминура Венус Вилијамс, во во првото полуфинале ја совлада Кристина Младеновиќ во Франција со 2-0 во сетови 6-3, 6-4.

Повозрасната Светлана Кузњецова се намачи, но славеше протов чешката тенисерка Каролина Плишкова со 7-6, 7-6.

На победничката на турнирот ќе и припаднат еден милион и 175 илјади долари, како и 1.000 бодови за ВТА листата. Финалистката ќе мора да се задоволи со 573.680 долари и 650 ВТА поени.

На машкито дел од турнирот денес се играат полуфиналните парови меѓу Вавринка и Карено-Буста и Федерер и Сок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top