| четврток, 6 декември 2018 |

Му купилe Ламборгини за неговиот 18. роденден – По неколку возења морале да го вадат од канал

Богати родители од Малезија на синот за неговиот 18. роденден му подариле Ламборгини, што се покажало дека и не е така паметна идеја.

Се случило нешто што многумина го очекувале од неискусен возач и толку брза кола. За неполна година, откако тој ги усовршувал своите возачки способности на поскромен автомобил, кога мислел дека е спремен за својот луксузен подарок, по само неколку возења со него, излетал од еден автопат во одводен канал и значително го оштетил ламборгинито, а за среќа момчето и неговиот сопатник минале со полесни повреди. На видео снимката може да се види моментот кога тој излетува од патот, а потоа и како ја извлекуваат колата од каналот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top