Дел од корисниците од село Усје, општина Кисела Вода утре од 8.30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „1“ бб до Пумпената станица Усје, во населбата Усје. Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.
Во недела, пак, од 8 часот, без вода ќе останат дел од жителите од населбата Сопиште.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „27“ бр. 11 во Сопиште. Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.