Во Македонија не може да се менува ниту име на држава, ниту име на нацијата, ниту име на јазик, ниту име на црква, ниту ништо што е македонско, од кое никој не смее да остапи и ниту едeн народ кој што живее тука, изјавија во интервјуто за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, митрополитите на МПЦ, Петар и Агатангел.
– Овој наш народ треба да се крене цврсто со својот глас и да каже дека од ништо не остапуваме што е македонско и дека треба да се направи без размислување една македонска платформа во која ќе се стави не само црвената, туку и жолтата линија – истакнува митрополитот Пeтар.
Според македонскиот владика Петар името на нашата држава и нашата црква, се нешта за кои мораме да водиме сметка бидејќи доколку се избрише името на државата и името на македонската нација како и на македонскиот јазик, тогаш ќе се избрише и името на МПЦ.
– На тој начин ние со една таква одлука или став донесен во Собранието на Македонија конечно ќе извршиме самоубиство. Стануваме самоубиствен народ кој сам доброволно си потпишал на некој начин самоунишштување или смртна казна – рече владиката Петар.
Од друга страна повардарискиот митрополит Агатангел се осврна на мешетарењето и мешањето на странските служби и амабасадори во работата на државниот врв и притисоциите Тиранската платформа да стане реалност и пракса во Македонија.
– Сите оние кои се во амбасадите дали се европски или други големи држави, особено го повикувам американскиот Џејс Бели, кој еве и денеска го повикува нашиот претседател Ѓорге Иванов да се повлече и да го даде мандатот, за да се формира Влада, истакнува Агатангел.
Тој го замолува Бејли да престане да врши притискок врз претседателот Иванов и сите други амбасадори да престанат да вршат притисоци за да се формира нова влада.
– Нашиот претседател е доволно умен, и тој знае што треба да направи. Му благодариме на Господа, што во овие тешки моменти ни го даде да го имаме, затоа ако немавме ваков претседател, јас денеска мислам дека ќе имавме двојазичност, промена на знаме, химна и се, или со еден збор Тиранската платформа ќе беше реалност и реализирана во целост. За да не се случат вакви работи, амбасадорите нека си ги пишуваат своите извештаи и нека си ги праќаат до куќите од каде се пратени да ја следат состојбата во Македонија и да и помогнат на оваа земја, а не да и одмагаат и да ја тераат во ќор сокак = категорично вели повардарискиот митрополит Агатангел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)