Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при своето гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат“ јасно кажува каков треба да биде составот на Комисијата за избори и именување, шест члена на ВМРО-ДПМНЕ, а 5 члена на СДСМ. Заев вели дека тоа било во согласност со деловнички принципи, односно правила.
СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници.
– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот не го бара тоа за да продолжи конститутивната седница – изјави Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.
Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при своето гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат“ јасно кажува каков треба да биде составот на Комисијата за избори и именување, шест члена на ВМРО-ДПМНЕ, а 5 члена на СДСМ. Заев вели дека тоа било во согласност со деловнички принципи, односно правила.
-Постои точка во дневниот ред на започнатата седница, избор на Комисија за избори и именувања и таа Комисија согласно деловнички принципи, односно правила, тој што има најмногу пратеници има најмногу членови, па вториот, па третиот, па четвртиот и слично. И сега во логичниот редослед, јас знам дека во таа Комисија ВМРО има 6, ние имаме 5 – рече Заев.
Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)