Ждрепката во Лигата на шампионите ни донесе исклучително возбудливи парови во четврт-финалето на најелитното клупско натпреварување, а еден од нив секако е оној меѓу Барселона и Јувентус, што воедно ќе биде реприза на големото финале во Берлин од пред две години.
Барселона тогаш успеа да стигне до својата петта титула во Лигата на шампионите откако победи со 3-1 на Олимпискиот стадион во Берлин, а ако некој може да биде задоволен од оваа ждрепка во редовите на Јувентус, тогаш тоа сигурно е Леонардо Бонучи, кој посака можност за одмазда пред два дена.
Интересна изјава имаше и Џанлуиџи Буфон, кој посака Јувентус да не го добие Лестер во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а капитенот на „старата дама“ беше првиот кој имаше занимлива реакција со која воедно ги најави двете пресметки со Барселона.
Буфон постави слика од себе и Меси на официјалниот профил на „Твитер“, а притоа ја испрати и следната порака:
– Не е важен противникот, важно е да се биде во четврт-финалето – гласи пораката која ја испрати Буфон набрзо по извлекувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.