| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски-Курц: Македонија во ЕУ е наједноставна гаранција за мир и развој во регионот

poposki kurc

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во Виена оствари средба со австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, при што разговараа за регионалната стабилност и потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот.
„Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа ќе ги стабилизира сите земји, а ќе ги релаксира и предизвиците внатре во Унијата. Мигрантската криза, геополитичките поместувања, заканите од радикализам и тероризам и глобалната конкурентност се само најсвежи примери за тоа дека делиме исти интереси. Единствено логично е да бараме обединување околу една кауза: да сме дел од ЕУ и од заедничкиот пазар е веројатно наједноставната гаранција за мир и развој во Македонија и регионот“, истакна Попоски по средбата.

Средбата се одржа за време на посетата на Попоски на Виена, за време на која се обрати на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top