Во петок (07.09.) канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц доаѓа во официјална посета на Република Македонија. Според предвидениот протокол во 09 часот, австриската делегација предводена од канцеларот Курц ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата на РМ, а во 10:05 часот, канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат прес конференција во холот на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.